АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола ,,БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ'' по Еврипид а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица вчера беа подигнати завестите на 21то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура. Двете институции кои делат ист покрив, се здружија во борбата културата во Битола да остане на прво место.
Театарската сала беше преполна, а публиката коментира дека актерите беа маестрални во изведбата и дека темата го отвори прашањето дали ние трагајќи по една индивидуална слобода не стануваме само попримитивни.
Вечерва на програмата се три монодрами
Почеток: 19.00
КУЌА ОД СТОТИНА
Автори: Јешим Озсој, Ферди Четин
Режија и изведба: Јесим Озсој
Јесим Озсој Галата Перформ Театар, Турција
Почеток: 21.00
МАРЛЕН ДИТРИХ
Автори: Влатко Броз Иван Лео Лемо Ана Тонкович Доленчич
Режија: Иван Лео Лемо
Актер: Ксенија Прохаска
Хрватска
Почеток: 23.00
ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ
Автор: Н. Гогољ
Режија: Ѓорѓи Ризески
Актер: Бобан Алексоски
Алтернативен проект во соработка со театар „Сенки и облаци“,
Северна Македонија