2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПОЛОВИНА ВЕК ОД МАТУРИРАЊЕТО ПРОСЛАВИ ГЕНЕРАЦИЈАТА 1968/1969 ОД МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

Мај 24, 2019

„Бевме многу хумани луѓе. Сите работевме како медицински сестри на различни места, кој во болница, заводи, амбуланти. Но, мисијата на која не учеа во школото беше да им помагаме на другите луѓе и мислам дека останавме доследни на тоа“, вели Лепа Гегараковска, поранешена медицинска сестра од Заводот за деца со оштетен слух од Битола.

 

Таа заедно со 12 некогашни соученички вчера вечер прославија педесет години од матурирањето на генерацијата 1968/1969 година од Средното медицинско училиште во Битола. На прославата присуствуваа некогашни ученички од двата класа за медицински сестри. На јубилејот им се приклучи и некогашната професорка по фармакологија, а потоа и директорка на Медицинското училиште, Павлина Василева Фотева.

„Чувството беше прекрасно. Имаше некогашни соученички со кои се видовме првпат по 50 години, а во минатото сме биле што би се рекло секој ден заедно, сме другарувале, сме делеле и лошо и добро. Евоциравме спомени, некои предизвикаа насмевки на нашето лице, а пак некои нѐ трогнаа зашто имаме две другарски кои веќе не се меѓу нас. Голема чест ни направи тоа што ни се придружи и нашата професорка. Дојдоа некогашни ученици од Охрид, Струга, оние што се подалеку во Шведска и Швајцарија не можеа да допатуваат на овој термин, меѓутоа ги споменавме разговарајќи за настаните кои ни оставија драги спомени од средношколскиот живот“, рече за Апла.мк битолчанката Лепа Гегараковска.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани