АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово неколку земјотреси беа почувствувани во Битола. Најсилниот потрес се случи во 6, 26 часот со магнитуда од 5 степени по Рихтер и ефект на силно тресење. Вториот потрес со иста јачина, само пократок се случи седум минути подоцна, поточно во 6,33 часот. Потоа следуваше и трет со магнитуда од 4, 1 степени по Рихтер. Сите три удари беа во близина на Корча, Албанија, а се почувствуваа и во нашата земја. Епицентарот на првиот и најсилен удар беше на 11 километри од Корча со длабочина од 10 километри.
Потоа, до 8,20 часот, следеа уште три потреси, но, со помал интензитет.
Во Битола нема материјални штети.