2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ракија со коприва и слатко од пиперки се дегустираше на „Пазарот на локални производи во Битола“

Јуни 01, 2019

Страшко Милошовски производител на органска харана од Пробиштип на битолчани им понуди ракија со коприва и  сладок специјалитет од пиперки  со невообичаен вкус.

-Минатата година дојдов двапати и еве ме и сега во Битола, пред битолчани се претставувам со производство во домашни услови и продукти кои ги нема во широката потрошувачка.  Во Битола донесов јаболков оцет, балсамико оцет од сина слива, специјална ракија со коприва и еден специјалитет кој го нема на нашиот пазар , слатко кое содржи пиперка ајварка , лути пиперки со одредени зачини и шеќер, а квалитетот го постигнав после неколку месеци  пробување. Така направив одличен производ, рече Милошевски на денешната презентација на органска храна во Битола на четвртиот „Пазар на локални производи“. Токму овој настан ги собра на едно место битолчани во Новиот реонски пазар да вкусат домашно подготвени пити, ѓомлезе, вино, ореовка, органски лешници и ореви од Преспа, разновидна храна, традиционални производи, Крушевски локум со орев и разни други намази, а се готвеше и на лице место и се дегустираше.

em 4

-На пазарот изложив  биено и бело сирење како и кашкавал, граѓаните го ценат квалитетот иако економскиот стандард на луѓето си го прави своето, рече Игор Поповски , кој има своја фарма во Дихово.

em 3

Настанот  беше поддржан од „ЈП Пазари“Битола, а на него учество зедоа петнаесеттина производители.

-Во соработка со невладините организации  им овозможиме на производители на органска храна да ги промовираат своите производи. Во исто време овој настан овозможува едукација на граѓаните и на најмладите како да препознаат и да изберат здрава храна.  Претпријатието врши промоција на производителите,  но и на самиот пазар зошто  овие производители се и наши потенцијални закупувачи на тезги,  рече Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари Битола.

Најмладите учествуваа во едукативен час како да ја препознаа здравата храна.

em 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани