АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако летото е на прагот, тоа за непредвидливиот Пелистер ништо не значи. Веќе неколку часа врне снег, а снежни навеви имало и синоќа.
Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија, кој го направи видеото, вели дека снег се уште врне, иако не се задржува долго.
-Снег почна да врне попладнево, а врнеше и синоќа и добро го нареди. Сепак врне од време на време, а кога ќе застане, снегот се топи, вели Стојчевски, за апла.мк,
Тој и сега се наоѓа на своето работно место, на Антена која е на највисокиот врв Пелистер, на 2601 метар надморска висина.
Познавачите на планината велат дека Пелистер е непредвидлив дури и во текот на летото, каде само за неколку часа можат да се сменат сите 4 годишни времиња, да врне дожд, да се спушти магла, па да заврне снег, а потоа да огрее сонце.
Сепак иако се памети снег и во летните месеци, тоа е реткост.
Снег на Пелистер летно време имало во 2007 година, но во август