АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководството на Македонско научно друштво-Битола, членови на Управниот, Надзорниот одбор и Уредувачкиот совет, подарија книги на како што ја нарекуваат најмалата библиотека во Светот, библиотеката „АЛБИ“, сместена во импозантна куќа двокатница во демирхисарско Бабино.
За време на посетата на Библиотеката, која како што е познато е основана во 1882 година, членовите на МНД-Битола од својот домаќин Стево Степановски беа информирани за книжниот фонд на библиотеката кој располага со ретки книги и над 20.000 наслови.
„Со посетата на оваа културна резиденција, подарените авторски, но и книги од издавачката дејност на МНД-Битола, ние почнавме да ја реализираме богатата програма на МНД-Битола посветена на големиот јубилеј – 60 години од денот на основањето. МНД-Битола во април годинава го одбележа 59-от роденден, а во наредните 10 месеци, ќе организираме бројни академски настани, културно-уметнички активности, изложби...кои ќе бидат заокружени точно на 25 април 2020 година“, истакна универзитетскиот професор д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола..