АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
12 491 350 евра e вкупниот долг што екс градоначалникот Владимир Талески и го остави на новата градоначалничка на општина Битола, Наташа Петровска. Од нив 3 339 211 евра општината должи по основ на пристигнати фактури за извршени работи и други финансиски документи, а 9 152 139 евра по основ на потпишани договори, на кои во најголем дел рокот за исплата им е поминат. Ваквите долгови ја прават општината неликвидна, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска на денешната прес конференција свикана со цел да ја информира јавноста за финансиската состојба која ја наследи во општината.
Соопштувајќи ги разочарувачките бројки, Петровска рече дека финансиската состојба во јавноста не ја презентира за да кука и да ги обезбадежува граѓаните за остварувањето на поставените цели, туку за транспаретно да ја извести јавноста за затекнатите долгови. Тие пак, се пресметани не по прозиволна оцена, туку врз основа на стручно комисиски изведен попис од вработени во општината. Некои службеници саботирале при правењето попис, па градоначалничката им порача дека се’ ќе излезе на виделина , а оние кои се огрешиле ќе треба да одговараат.
Дополнително оптовареување на буџетот прават и извршни судски решенија доспеани за наплата. Во изминатите месеци општината исплатила над 23 милиони денари за судски решенија, а за плаќање чекаат и други. Додека пак. последното извршно решение што неодамна го платиле кон фирма за дадени проектантски услуги изнесувало 24 милиони денари.
„Во моментот општината е тужена за позамашни суми, а тужбите се интензивираат во последно време. Ова наметнува прашање дали постои поврзнаност помеѓу некои добавувачи и поранешното раководство да чекаат за наплата на своите побарувања и потоа на крајот на мандатот да тужат и да ја блокираат работата на општината,“ рече Петровска.
Споредбено со вкупните годишни приходи на општината, преземените обврски се колку буџетот за една и пол година. Потрошени се и парите за инфраструктура и други зафати за следните три – четири години. Според Петровска, општината во следните две- три години ќе мора да го покрие долгот од скоро 13 милиони евра наследен од екс градоначалникот.
Сепак, во исплатите на долговите имало и привилегирани фирми. Така, градоначалничката рече „бодат очи некои исплати на пример, за таканаречениот ‘Бит Фест’ за кој годинава се исплатени повеќе од 220 000 евра. Силно ја подржувам културата, но се спротивставувам под закрилата на културни манифестации да се вршат исплати на привилегирани поединци“.
Петровска најави дека ќе го повика Државниот завод за ревизија да изврши детална ревизија врз досегашното работење на општината. За излез од финансиската криза за понеделник е закажана седница на Совет на која се очекува да биде донесен ребаланс на буџетот. Со него ќе се подмират дел од долговите, а ќе се обезбедат пари за плати и други обврски за спортските клубови во градот, како и за дел од административците во општината анагажирани со договори.
Равојот на градот нема да запре поради нечие расипништво во општината, рече Петровска
Како подолгорочно решение ќе се изработи посебна програма за консолидација на буџетот во следните години.
„Во таа насока веќе отпочнавме со подготовки за изработка на посебна програма која ќе се состои во консолидација на буџетот за следните години. Тие ќе бидат прилично тешки, но решенија мора да се бараат. Ќе ги ревидираме сите нереационални и непродуктивни трошења. Штедењето ќе биде наша определаба, но нема да штедиме кога се во прашање развојните проекти. Ќе бараме репрограмирање на роковите за исплата на долговите. Ќе преземиме чекори за зголемување на приходите на општината. Равојот на градот нема да запре заради нечие расипништво во општината“, порача Петровска.