2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нашинец од Америка со сопругата ќе се справуваат со кучињата скитници во Битола

Јуни 13, 2019

Град без улични кучиња-ова е мисијата на Фондацијата Бибевски, основана минатата година од брачниот пар Џенифер и Стив Бибевски, доктори кои живеат и работата во САД.

Стив е детски кардиохирург, роден е во Австралија, но неговите родители се од Македонија, па желбата   да помогне Битола да го реши проблемот со кучињата скитници се родила при една посета на татковината пред 6 години. Идејата започна да се реализира денес, во ветеринарната амбуланата „Др. Чупона“ во Битола, каде стартуваше акцијата за третман на кучињата скитници, која ќе биде финансирана од Фондацијата Бибевски, а логистичка поддршка ќе има и од Општина Битола и други институции. По интервенцијата, кучињата повторно ќе се враќаат на улица, но на овој начин ќе се контролира нивното размножување, како и можноста за ширење на разни заболувања. 

-Денес во нашата амбуланата почнува соработката со Фондацијата Бибевски. Вршиме стерилизација, кастрација, чипирање, вакцинирање на сите улични кучиња. Го имаме и првиот пацинет, со што започна акцијата за стерилизација поддржана од фондацијата Бибевски, рече др. Петар Чупона, ветеринар.

62427254 2347708885476660 4687051909809307648 n

Павлина Велјановска, битолчанка која ги храни уличните кучиња низ градот, во ветеринарната амбуланта го донесе првото куче-женка за стрелизиација. Вели дека бројот на овие животни низ Битола е голем, а често наидува на осуда од граѓаните кога сака да им помогне и да ги нахрани.

62508637 415665619282274 8586781686572777472 n

-Во Битола има голем број на кучиња скитници, а најчесто се движат на места каде можат да најдат храна. Јас скојдневно ги хранам, но добивам многу навреди од битолчани. Откако дознав за стартот на оваа акција го донесов првото куче, станува збор за женка и интевренцијата е веќе завршена, рече Велјанова.

Проблемот со кучињата скитници во Македонија-силен предизвик за Фондацијата Бибевски

Сопругата на Стив Бибевски, Џенифер е ветеринарен хирур. Таа за првпат дошла во Македонија во 2013 година. Била воодушевено од природните убавини на земјата , но разочарна од огромниот број бездомни кучиња и мачки по улиците, без вистинска програма за контрола на оваа популација. Така се роди идејата за спроведување на акцијата, што за Џенифер беше голем предизвик. Таа го оствари својот сон денеска, а учествуваше во првата интервенција заедно со ветринарот Петар Чупона.

-Имаме семејство во Македонија и тоа беше мотив да дојдеме тука и да се вклучиме зедно со локалното население и со стручна помош на ветеринари, за да можеме да им помогнеме на уличните кучиња, рече др.Џенифер Бибевски, ветеринарен хирург.

64653098 2104339589689398 7874666604133351424 n

Стив Бибевски вели дека ова е тежок и долг процес, кој ќе трае со години, а освен во Битола, неговата идеја е Фондацијата да помогне во решавање на проблемот со кучињата скитници низ цела Македонија. Тој се надева дека овој проект ќе биде модел за многу други земји.

-Кучињата се во голем број, денеска започнавме со едно, во наредната недела додека сме тука, можеби ќе се истретираат 20-30 улични кучиња. Тој број е мал за проблемот што постои, но многу е важно да имаме поддршка од државата и општината, затоа што оваа програма треба да се прошири. Нашата намера е да донесеме ветеринари од Америка, кои заедно со ветеринарите од Македонија во иднина ќе ја реализираат оваа акција. Но, за тие да работата тука потребно е дозвола од македонските власти и сметаме дека на овој начин во наредните десет години да го решиме овој проблем, тоа е нашата мисија, рече Стив.

Соработка со локалните институции

Во оваа акција на Фондацијата Бибевски се влучи ветеринарот и  универзитетски професор во пензија,  Борис Ангелков. Вели дека иницијативата нема да остане само на третман на кучињата скитници, туку целта е со поддршка на институциите, да се изгради и стационар за нив.

-Џенифер и Стив   кога ја фромираа Фондацијата, дојдоа во Македонија лани и понудија соработка со Ветеринарниот факултет, со средното Земјоделско училиште каде има ветеринарна насока. Веќе оставривме контакт со градоначалниката Наташа Петровска, а во понеделник ќе се сретнеме и со ректорот на битолскиот Универзитет. Оваа иницијатива на нашите пријатели од Америка е добра прилика да помогнат во разрешување на овој проблем. Следниот чекор ќе биде изградба на стационар за прифаќање на уличните кучиња, со стручна поддршка на ветеринарите и Ветеринарниот факултет како научна институција, рече проф. др Борис Ангелков, ветеринар.

Претставници од Фондацијата Бибевски на денешната средба со градоначалничката Наташа Петровска, разговараа за реализација на заеднички модел со кој ќе може да се обезбеди подобра грижа за бездомните животни, а истовремено да се обезбеди и бесплатна обука за ветеринари од Битола, информираат од Општина Битола.

zgrizuvanje 1

Фондацијата Бибевски  во Македонија има свој претставник кој понатаму ќе работи на реализација на овој проект.

- Во соработка со невладиниот сектор кај нас, но и со институциите, сакаме да ги промениме работите. Благодарност на сите здруженија за заштите на животните во Битола кои се вклучија и ја поддржаа акцијата на Фондацијата Бибевски, посочи Јулијана Силјановска, директор на Фондацијата Бибевски во Македонија

Џенифер и Стив ќе работат  на подигање на свеста кај населението

Бибевски велат дека проектот не е само за решавање на проблемот со кучињата скитници, туку подигање на свеста кај населението.

- Ова е добра можност граѓаните да покажат дека сакаат да се одат напред со останатиот свет од развиените земји. Добро е да покажеме дека покренуваме иницијативи за решавање на овие проблеми, затоа што ваквите сосотојби остваат впечаток дека сме назад од развиениот свет. Труењето на кучиња, животни кои се измачуваат, тое е слика која не прилега на држава која сака да оди напред. Затоа почнуваме од најосновните работи, ова е мала работа, но многу зборува за еден народ. Токму затоа Фондацијата започна со овој проект, тоа е нешто каде што лесно можеме да го пренесеме нашето знаење и искуство, вели др. Стив Бибевски.

Но, целта им е во иднина да развиваат проекти кои ќе ги поддржат младите кои имаат идеја за сопствен бизнис, наместо да заминуваат надвор од државата

-Имаме многу идеи да помогнеме на овој регион. Младите заминуваат од земјата  и потребно е нешто што ќе ги мотивира да останат дома. Во мисијата на нашата Фондација е да го развиваме претприемничкиот дух, иницијативите да потекнуваат од поединецот, затоа што во Македонија има можности, има паметни луѓе и тоа треба да се искористи. Со претриемништвото се развива можноста за менување на свеста, односно не да чекаме некој да ни даде работа, туку сами да ја најдеме. Тоа не е лесно, потребни се пари и идеја, но сакаме да помогнеме и во таа насока. Во наредниот период ќе работиме токму на тоа, нашата фондација со средства да помогне на оние луѓе кои сакаат да започнат нов бизнис, рече Стив Бибевски.

Емилија Мисирлиевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани