2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БОГ ја стана Битола на нозе

Јули 01, 2019

 

Енергичниот настап на легендарната рок група „Психомодо поп“, сличен на оние од времето на поранешна Југославија, вчера ги воодушеви битолчани. Бендот предводен од харизматичниот фронтмен Давор Гобац покажа дека ни енергијата на бендот старее, нити пак нивните хитови кои вчера ги пееја од тинејџери до средовечни гости на концертот.

Нивниот настап беше вистински музички времеплов низ 15 објавени албуми. Кулминација се достигна со изведбата на безвременските хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16" и други. Плоштадот Гоце Дечлев беше полн со гости од Битола и пошироко, а ова беше прв настап во градот на конзулите на загрепчаните од „Психомодо поп“. Сите присутни имаат можност да ја служнат нивната песна и свирка бесплатно, а ова им е единствениот настап за годинава во нашата земја.65479635 2318028041786150 6291941786570981376 n

Како предгрупи настапија Дивље Свиње и Ласт Експедишн. Дивље свиње беа одлично загревање на старт во нивниот карактеристичен охрабрувачки звук кој испорача канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти.

Ласт Експедишн, една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол, дојде како супер освежување на сеќавањата на 90-те. Започнаа со нова досега необјавена нумера, снимена пред само три дена, потоа направија омаж на трите студиски албуми. Ги испеаја популарните „Песната за песот“, „Далеку си“, „Ќељав дабар“, „Шефе,„ Не е важно“...и за крај завршија со новиот „Хеј Хо“ порачувајќи им на публиката да слушаат што повеќе македонска музика.

Трите бенда ги остварија очекувањата на публиката која скоро пет часа имаше вистински квалитетно музичко уживање. Со овој концерт заврши фестивалот „Битола отворен град“ (БОГ) во организација на Младинскиот центар од Битола.

„Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметност... Ова ер процес во кој на симболичен начин спојуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и изгубени години во општествени промени на транзиција, па и изолација, но никогаш не ги напуштила желбата за култура и уметност.  Оттука БОГ е културолошка појава, промовирање на напредни идеии позитивни општествени вредности, укажувајќи на важни теми. Целна група на нашиот фестивал остануваат  сите оние кои сакаат квалитетна музика, кои сакаат да бидат опкружени со луѓе со слични сфаќања на животот, сакаат и уметност која се создава надвор од мејнстримот“, порачаа од МКЦ.65923331 2318028818452739 4065396230262358016 n

 

65940953 2318028958452725 7551477118337548288 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани