Видео: Воена вежба ,,Одлучен удар " во Битола

Јуни 29, 2019

Во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал потполковник Васко Ѓурчиновски во Битола денес се одржа воена вежба „Одлучен удар“ во чии рамки битолчани имаа можност да се запознаат со дел од опремата, вооружувањето, војниците и старешините на Армијата.

{YouTube}https://youtu.be/5r8U8CznUrc{/YouTube}

Ова е вежба која во изминатиот месец и половина се одвиваше на воениот полигон Криволак и е  најголема воена вежба во историјата на нашата земја. Во неа учествуваат околу 2700 војници, меѓу кои има и припадници на Американскиот контингент.  

Целта на акцијата беше популаризација на Армијата. Пред насобраните битолчани на плоштадот Гоце Делчев се демонстрираа дел од капацитетите  и способностите на Армијата, борбените и неборбени возила,  техника , боречки вештини, воена санда, евакуација на повредени цивили, транспортен хеликоптер во поддршка на специјални операции, техника Грозд и друго. Војниците покажаа голема умешност во боречки вештини, а добија ракоплескање кога од покривот на Центарот за култура во Битола ја спроведоа акцијата за спасување на цивили во услови на елементрани непогоди. 

„Ми претставува големо задоволство да бидеме тука на Отворениот ден на Армијата во Битола. Сакам да оддадам јавно признание на сите војници и старешини кои со битолчани денес можеа да се дружат и практично да презентираат капацитет и оспособеност за што сум горд. И не случајно во пракса можеше да се види дека припадниците на Армијата уживаат голема доверба од граѓаните како институција во нашата татковина“, рече началникот Ѓурчиновски. 

На настанот присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска која изјави дека ова случување го потврдува скорешното приклучување на Републчика Северна Македонија на НАТО со нашите вооружени сили.

„На тој начин и како држава и како народ ќе имаме можност да дадеме свој придонес во мирот и просперитетот на човештвото“, рече Петровска.  65450077 1068787056843182 7959688930616410112 n

В.д. амбасадорката на САД Михаела Швајцер Блум говорејќи на македонски јазик рече дека Северна Македонија е подготвена за НАТО и дека ќе биде следниот член во НАТО скоро.  62571950 452143278897684 7739889551132327936 n

64213444 1221356511379779 2914610007301423104 n

 

 62648220 371079360432287 4690688235280531456 n

65311425 389330061572103 2442938223568093184 n

65480776 520270555177480 3898320267281170432 n

65371909 882553488781948 5160988309538734080 n

65745762 428522451320343 2759927181042778112 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани