2win800x200

Со дефиле и песна за Деспина отворен Локум фест (фото и видео)

Јули 18, 2019

Несекојдневно доживување со ансамблот „Македонија“ на Широк Сокак, вечерва на отворањето на Локум фест во Битола.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=jQAHGkdlBhg&feature=youtu.be{/YouTube}

lokum 1

Членовите  облечени  во староградски носии тргнаа на дефиле од старата битолска  чаршија до плоштадот Магнолија,  со што официјално се отвори 13-то  издание на Локум фест.

lokum 3

Битолчани воодушевни од нивниот настап застануваа да ги видат и фотографираат.  Потоа  програмата продолжи во старата чаршија која беше преполна  со љубители на старградската музика и чалгја, а присуствуваа и многу наши иселенци дојдени на одмор во родниот крај.

lokum2

Со ова  Локум фест потврди дека го негува и развива културниот туризам во Битола.

Локумот по кој што фестивалот и го носи  името,  вечерва се трошеше како алва.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани