2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СО ЕДЕН ПОТЕГ НА ПЛАТНОТО ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ ОТВОРА ИЛЈАДА ЅУНИЦИ

Јули 24, 2019

Со ликовни дела на кои е отсликана Битола, нејзините архитектонски и културни богатства, како и вечната Хераклеја синоќа во Завод и музеј од Битола беше отворена изложба по повод јубилејот 60 години творештво на познатиот битолски уметник Панде Петровски. Оваа изложба која содржи над 200 негови творби беше отворена во предвечерието на фестивалот „Илинденски денови“ и е поддржана од Министерството за култура, Општина Битола, Центарот за култура и други институции..

 

„Изложена е само една десетина од твортештвото, поточно 210 експонати од неколку илјади создадени во 60 години. Првата самостојна изложба ми беше во пресрет на Илинден и многу сум задоволен што повторно се совпадна да биде спроти Илинден, нашиот најголем национален и верски празник. Имам десетина циклуси како Хераклејски пресеци, Предели од микрокосмосот, Метаморфозите за кои Остен издаде и мапа заштитана, која е дел од едицијата светско културно наследство“, рече Петровски.67416292 2050270085268422 6587901222659817472 n

Тој од своите врвни уметнички дела на кои е насликана архитектурата на Битола и Хераклеја им подари за заминик министерот за култура Владимир Лазовски, градоначалничката Наташа Петровска и директорката на Завод и музеј Мери Стојановска.

„Ви благодарам за сѐ што досега направивте за Битола, убедена сум дека до последниот ден ќе творите и ќе ни оставите уште многу ваши емоции преку уметничките дела“, рече Петровска.67551113 929724724035175 7349642719469240320 n

67554941 362846081020770 1556422343352385536 n

67364335 359827984702183 2985188612171104256 n

Директорката Мери Стојановска рече дека творештвото на Петровски станува културно наследство, а неговите цртежи се одраз на тоа како ја доживуваме Битола.

Бидејќи изложбата е прв настан со кој отпочнува 49 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во име на Центарот за култура се обрати стричниот соработник Валентин Соклевски кој Петровски го нарече битолска легенда.67536230 900823293595419 2510141890381217792 n

67072087 404854883461915 7694465843865845760 n

„Овој фестивал чувајќи ја традицијата и самиот стана традиција зашто беше осмислен и граден токму од вакви личности како Петровски кој е дел од почетоците од 1971 година па до денес. Петровски е роден 1939 година во Брусник, Битола, човек кој преку континуирана едукација, уметничка надградба преку Ликовната насока на Педагошката академија , студиски престој во Италија со својот огромен талент, ентузијазам, креативност изгради 60 годишна творечка кариера со над 30 индивидуални изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија, а учестувал и на над стотина колективни изложби во земјава и странство. Добитник е на многу награди и признанија. Секој збор што ќе го кажам за човекот кој е ликовен уметник, педагог, сценограф, писател, карикатурист е мал и скромен во однос на убавината што ја создал“, рече Соклевски.

Тој уште додаде дека Панде е човекот чиј мал потег на платното отвора илјадници ѕуници, еден симбол на сценографијата отвора мозаици од сликовите приказни, еден афоризам раскажува повеќе романи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани