И Петровска и Милевски скенираат фискални сметки

Јули 27, 2019

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска се вклучија во караванот на Мој ДДВ. Тие денес пазаруваа во маркет во Битола, а потоа го скенираа кодот од фискалните сметки со мобилните телефони.

1m

Тие повикаа дека со оваа мерка граѓаните имаат директен поврат на дел од средствата кои ги трошат . До денес евидентирани се над 5, 5 милиони фискални сметки и остварен е прилив во буџетот од над 3 милијарди денари, а поврат граѓаните ќе имаат над 50 милиони денари или над 800 000 евра ќе се слеат на нивните сметки.

„На Широк Сокак ја промовираме мерката на Владата за повраток на 15 проценти од ДДВ-то, оваа мерка им овозможува на граѓаните директно да имаат поврат на дел од средствата од ДДВ кај нив, средства кои ќе завршуваат во нивните џебови, нешто што Владата го вети и што потврдува дека зборот е збор“, рече Петровска. 

Министерот Милевски рече дека уште од почетокот на кампањата ја има симнато апликацијата мој ДДВ и скенира сметки, а сега учествува и во промоцијата на оваа мерка. 

 „Согласно податоците што ги добив од УЈП над 5,5 милиони фискални сметки се евидентирани, остварен е прилив во буџетот од над 3 милијарди денари, а поврат граѓаните ќе имаат над 50 милиони денари. Тоа не е мала сума, апелирам сите граѓани да се вклучат , оној кој мисли дека не се многу средства нека ги собере и донира онаму каде што е потребно. Важно е што се елиминира и сивата економија во државата. Граѓаните двојно ги зголемиле пријавите за неиздавање фискални сметки зашто се зголемил интересот да се бараат сметките и на тој начин се сузбиваат сите диви плаќања што се вршеле, па се повеќе влегуваме  во реалната економија со што ги зголемуваме средствата во буџетот што на крај сепак одат кон инвестиции за граѓаните дали директно во државниот буџет или преку локалните буџети“, рече Милевски.  

2m

3m

4 m

7m

10m

 8m

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани