2win800x200

Почина Зоран Маневски професор по виолина и естраден уметник од Битола

Март 30, 2026

Синоќа на 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Маневски е по потекло од Велес, средно музичко училиште и музичка академија отсек виолина заврши во Скопје, најпрво се вработи во Македонската филхармонија, но најголем дел од својот работен век го помина во Битола, каде живееше со смејството. Како професор по виолина беше исклучително посветен на работата и како резултат на тоа зад себе остави плеада ученици - виолинисти, добар дел од нив познати музичари во државата. но и надвор од неа. Неговите ученици беа високо наградувани на државни и меѓународни натпревари по виолина. Тој во  Битола беше еден од омилените професори на учениците во Државното музичко училиште. Особено е важно за неговата музичка кариера што ќе остане забележано дека е еден од иницијаторите и основачите на Камерниот оркестар во Битола. 

Неговата дарба за музика  го смести на листата на најдобрите естрадни уметници во Македонија. Кариерата како музичар ја започна во родниот Велес каде што настапуваше во групата „Негрос“. Во Битола беше член на „Мегдан“, а како солист настапуваше и со „Битолски Конзули“, многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија - „Валандово“, „Цветници“, “Тетовски Филиграни“, „Интерфест  Битола“, „Серенада“ и др. Сите негови отпеани песни ќе останат во споменик  на неговиот YouTube канал Зоран Маневски.  

 

 Посмртните останки на професорот Маневски ќе бидат изложени утре вторник (31 март)  во црквата „Свети Димитриј“ Битола од 10 до 12 часот.  Погребот ќе биде во 13 ч. во Светонеделските гробишта.         

 

Текст АПЛА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани