АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ух, убаво е да дојде. Нека дојде треба помош во државата. Помош е и кога ќе си ја реализирате казната, рече премиерот Зоран Заев од Битола запрашан за како го коментира постот на екс премиерот Груевски на Фејсбук дека поради состојбите во државата му доаѓало да дојде и да помогне.
,,Сите испраќаме порака на одговорност, па ете испраќам недвосмислена порака нека се врати дома", рече Заев.
За сребата Мицковски- Орбан рече дека се работи за двајца претседатели на политички партии од десницата кои логично е да се сретнуваат.
„Но, убаво е да се споделат сите детали со јавноста, како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби. Јас верувам дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството на Северна Македонија и Унгарија“, рече премиерот.