АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонскиот музички волшебник, кој средно музичко училиште го завршил токму во градот на браќата Манаки, Битола, композиторот Љупчо Константинов, е годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што годинава по јубилеен 40 пат ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.
„Тој е исклучителна појава во македонска кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите „Среќна нова ’49-та“ и “Тетовирање“, соработувал со неверојатни имиња како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Мириќески. Потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика. Еден миг го имаше помалку на сцената, за сега на 76 година возраст да се врати на голема врата и работи во странство“, рече Иванов –Изи.
Специјални гости на 40 роденден на „Браќа Манаки“ ќе бидат и врвниот германски режисер со турско потекло Фатих Акин, заедно со својот тандем-соработник, кинематограферот Рајнер Клаусман.
„Фатих Акин ќе одржи работилница во Битола заедно со Рајнер Клаусман, наш лауреат. Акин е германски режисер со турско потекло , роден 1973 година во Хамбруг, уште таму живее. Почнал со кратки филмови, а потоа добивал светски награди за големи филмови. Златна мечка на Берлински фестивал, потоа со филмот „На работ од рајот“ награда на жирито во Кан за најдобаро сценарио, во 2017 и 2018 најголемите награди за филмот „Од ништо“ и тоа Златниот глобус за најдобар филм од неанглиско говорно подарачје, а годинава со Златаната ракавица на Берлинскиот фестивал“, рече Гена Теодосиевска, директор на „Браќа Манаки“.
Селекторот на главната програма Благој Куновски-Доре рече дека во главна конкуренција ќе бидат 12 филмови кои се прикажувале годинава на филмските фестивали во Кан, Берлин и Карлови Вари.