2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Спортскиот клуб на Ѓуро Илиќ, шефот на кабинет на Талески, за учество на „Битфест“ добил 5 илјади евра

Ноември 18, 2017

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за учество на „Битфест 2017“ на спортскиот клуб „Будо центар Пелистер “, чии тренер е Ѓуро Илиќ, неговиот шеф на кабинет  му исплатил 5 илјади евра, односно 300 000 денари.  

 

Оваа сума стои во  анализите  од пописот што за „Битфест 2017“ го направи новата градоначалничка Наташа Петровска и јавно го објави, јавноста да види  кој се учествувал и земал пари од фестивалот.

Мајсторот на боречки вештини, Илиќ во  написите коишто можат да се најдат на интернет и фејсбук  страните директно се поврзува со спортскиот клуб, каде стои дека „Будо центарот Пелистер“ е под негово раководство  како џудо и реален аикидо мајстор 7 дан.

На интерент страната на „Битфест 2017“, пак  од 24 август годинава под наслов „Низ ритамот на Будо“пишува дека „ Во Будо центарот „Пелистер“ во Битола, се одржа меѓународен настан кој низ неколку часовни активности, на едно место изврши спој на култура, музика и вештина. Настанот насловен „Низ ритамот на Будо“, во Битола донесе учесници од Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Романија и Турција, како и голем број учесници од Македонија.

Во најголем дел од фотографиите од настанот со микрофон во раце е токму Илиќ, соодветено облечен на неговите мајсториски боречки вештини.

Илиќ, за кого на интеренет страната на Општина Битола стои дека е раководител на секторот за правно-нормативни и административни работи и  натаму е шеф на протокол на новата градоначалничка. Токму тој првиот ден од примопредавањето на власта ја пречека Петровска на црвениот  тепих.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани