Со габиони се санира свлечиштето на обиколницата над Битола

Ноември 20, 2017

Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.

 

За обиколницата над Битола која е дел од регионалниот пат Прилеп-Битола - Ресен, над населбата Баир во Битола, неколку години  се бара трајно решение, бидејќи свлечиштето сериозно го загрозува сообраќајот на овој регионален пат. На критичните места, сега, на нивоа, се поставуваа големи челични мрежести коцки полни со камења.

-Започната е санацијата на свлечиштето над обиколницата. Се поставуваат габиони покрај патот, по што по санацијата се очекува патот, односно обиколницата да биде отворена за сообраќај. Со тоа нормално ќе се растерети сообраќајот на тешките товарни возила кои сега минуваат низ улиците во градот и не само што влијаат на загадувањето туку го оштетуваат и асфалтот, а во зимски период со снег, може да дојде и до застој во сообраќајот, вели државниот инспектор на јавното претпријатие за државни патишта, Сашо Здравевски.

На санација на свлечиштето работи струшката градежна фирма „Илинден“ со надзор од „ГИМ “ од Скопје.

Советот на Општина Битола , не ја изгласа реализацијата на краткорочните мерки за справување со загадувањето, токму поради затворената за сообраќај обиколница. Претседателот на Совет, Валентин Груевски рече дека мерките за намалување на загадувањето неможат да се применат се додека не заврши санацијата на свлечиштето на обиколницата, бидејќи патот не е безбеден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани