2win800x200

Во четврток разрешување на сите Управни одбори во јавните претпријатија и училиштата во Битола

Ноември 20, 2017

Овој четврток на маратонска седница на Совет ќе бидат разрешени досегашните членови на  сите Управни и Надзорни одбори во јавните претпријатија, Управните одбори на градинките, на јавните установи, како и  Училишните одбори во централните и подрачните училишта во Битола.

 

Така, Управните и Надзорните одбори ќе се променат во јавните претпријатија „Пазари“, „Нискоградба“, „Комуналец“, „Водовод“, „Жабени“ и ЈП за урбанистичко проектирање, проектирање и инженеринг. Нови Управни и Надзорни одбори ќе добијат и јавните установи Дом за стари лица „Сју Рајдер“ и Зоолошката градина. Промени во органите за одлучување ќе има и во седуманесет училишта, основни, средни, централни и подрачни, како и во градинките„Мајски цвет“ и „Естреја Овадија Мара“. Ќе биде избран и претставник на општина Битола во Центарот за социјални работи, а ќе биде сменет и член во Управниот одбор на Завод и музеј во Битола.

На дневен ред се 51 точка. Досегашните членови на одборите беа избирани во најголем дел по партиска линија од претходната локална власт.

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани