Ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола

Ноември 21, 2017

Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел,  фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.

 

-Денеска славиме 109 години од Конгресот на албанската азбука во Битола, среќни сме поради тоа, и имаме убава вест за целосна реконструкција на објектот кој е од особено значење за Албанците, како народ, без оглед во која држава живеат,  вели советникот Керими.

Од синоќа во Битола престојува и претседателот на Р. Албанија,  Илир Мета кој денеска треба да оствари средба со  градоначалничката Наташа Петровска и потоа пеш од Општина Битола на Булеварот 1 Мај,  да го  посети Музејот на албанската азбука.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани