2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мета ја покани Петровска на возвратна посета во Албанија

Ноември 21, 2017

Албанскиот претседател Илир Мета денес во Општина Битола беше дочекан на црвен тепих од страна на градоначалничката Наташа Петровска.

Тоа беше тепихот на кој Општината пред 11 години го дочека и тогашниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Се постила во специјални пригоди, а по него во општинската зграда зачекори и Петровска при примопредавањето на градоначалничката функција. 

meta3

По пристигнувањето, Петровска претседателот со делегацијата ги прими во кабинетот. Таму разговараа за понатамошна соработка, а потоа заедно пеш го посетија Музејот на албанската азбука. 
Таму Мета, јавно пред медиумите, ја покани градоначалничката да ја посети Албанија за да договорат заеднички програми за соработка. 
meta4
-Имам специјална покана до градоначалничката на Битола да ја посети Албанија за заедно со нас на владино ниво, но заеднички и со општините во Република Албанија да основаме заеднички програми кои ќе не доближат уште повеќе како народи да имаме не само разбирање туку и поголема љубов,- рече Мета. 
Тој ја посети Битола по повод одбележувањето на 109 годишнината од Битолскиот конгрес на кога беше унифицирана албанската азбука.
meta5
Петровска рече дека овие настани се потврда дека Битола од секогаш била културен, образовен и економски центар. 
-Каде и да се наоѓате, на која нација и да припаѓате, секогаш за човештвото е најбитна комуникацијата, разбирањето, градењето доверба меѓу народите. Ова е еден од начините како во пракса го докажуваме тоа. Со мојот почитуван гостин разговаравме за најразлични форми на соработка во следниот период и во сферата на образо6ванието, туризмот и економијата. Тоа е во интерес на обете страни во градењето и продлабочувањето на меѓусебната соработка и јас сум длабоко уверена дека во иднина тоа ќе се реализира,- рече Петровска. 
Ова беше прва посета на претседател на Албанија на Музејот на албанската азбука во Битола. Мета при посетата на Битола го придружуваше вицепремиерот Хазби Лика, но не и претседателот Ѓорге Иванов. 
Битола во последните 11 години ја посетиле тројца претседатели на странски држави. Во 2006 година Стипе Месиќ од Хрватска, пред две години Томислав Николиќ на Србија и сега Илир Мета од Албанија. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани