2win800x200

Музејот на албанската азбука ќе ги користи и другите дуќани во објектот

Ноември 22, 2017

Музејот на албанската азбука во Битола за свои потреби ќе ги користи и дуќаните кои се во рамки на објектот каде е лоцирана спомен куќата, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

 Тој попладнево го посети Музејот по повод прославата на 109- годишнината од Битолскиот конгрес  и изјави дека помогнале Музејот да добие владение во рамки на целата зграда.

Инаку Музејот е сместен на вториот кат од објектот, а на првиот има приватни дуќани во сопственост на битолчанец познат во општествениот и политичкиот живот во градот, припадник на партија од опозицијата.   

-Драго ни е што успеавме во рамки на цела зграда да им помогнеме да добијат владение на целиот простор, па така и двата дуќани кои беа во долниот дел од куќата сега ќе можат да се користат за намена којашто е блиска до оваа институција. Засега дуќаните како решение се под наем, а дали и како ќе се реши односот со сопствениците  тоа е во процес на преговори, ако имаме некакви резултати ќе ги споделиме- рече министерот Алаѓозовски.  

Околу намената рече дека во иднина ќе се произнесат, потенцирајќи дека идејата е објектот да има што поинтегирана своја намена и да си ја обавува функцијата непречено.

Алаѓозовски уште додаде дека „стандардизацијата на писмото е битен услов за етногенезата на самиот народ и раѓањето на самата нација, па оттука овој празник е ден достоен за одбележување и почит.

-Се разбира дека е огромна придобивка за градот Битола што ваков настан се случил овде што ја покажува важноста на градот уште многу пред да се формира македонската држава и неговото значење во поширокиот регион- рече министерот.

Музејот попладнево го посетија и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вицепремиерот Хазби Лика  и други.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани