АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата отвори посебна ставка во буџетот на име Офицерски дом на која засега се ставени 10 милиони денари за стартот на реконструкцијата на Офицерскиот дом, а и понатаму ќе се издвојат уште средства за целосна санација на објектот, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
-Отворивме посебна ставка во буџетот со име Офицерски дом, засега на таа ставка алоциравме 10 милиони денари што е доволно за работите околу самиот проект на реконструкција, санација и реставрација на Домот да почнат. Се договориме доколку работите течат со забрзано темпо, спремни сме понатаму со пренамени, реконструкција на буџетот да ја одржиме понатамошната реконструкција на Офицерски. Се е во рацете на стручните служби и на нареден состанок со градоначалничката на Битола ќе договориме на кој начин овие средства технички ќе се споведуваат, кој ќе биде носител и изведувач на проектот- рече Алаѓозовски. .