2win800x200

Заев од Битола: Градиме еднакво општество за сите

Ноември 22, 2017

„Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но  во исто време, секој говор и писмо во себе ја кријат и потребата да не бидат изолирани, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање,  толеранција и  соживот со другите. Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо е составен дел од јазичното и културното богатство на Република Македонија“, истакна премерот на РМ, Зоран Заев, во свето обраќање пред пристутните на завршната свеченост по повод  Денот на албанската азбука, што вечерва се одржа во Центарот за култура во Битола.

2

 -Одбележувањето на културните вредности, датуми и традициии на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската придонесува за просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓни на РМ. Градиме едно и единсвено општество еднакво за сите. Градиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво кое се градеше со векови и претставува обврска за нашата заедничка иднина. Затоа сме горди и затоа етничаката и јазичната разноличност  ги сметаме за наша предност, за наше заедничко богатство.  Сакам да упатам порака до сите граѓани на РМ дека моделот за иднината започнува со почитување на сите заедници. Тој модел повикува да градиме држава и општтсво за сите во кое сите ќе соработуваат, надоплнуваат, додаде Заев.

Активностите по повод  Денот на Албанската азбука во Битола се одржаа под покровителство на вицепремиерот во Владта на РМ, Хазби Лика и Министерството за култура на РМ. На гала концертото на хорот и оркетарот на Универзитетот за уметности од Тирана, вечерва присуствуваа министри  од Владата на РМ, пратеници, градоначалници, амбасдаори и други гости.

3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани