2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пепи Мирчевски- добитник на државната награда „11 Октомври“

Октомври 03, 2019

Актерот од Битолскиот театар Петар Мирчевски, е еден од годинашните добитници на државната награда „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес, објави Министерството за култура. Наградата ќе ја добијат и академик Љупчо Коцарев и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.

Мирчевски, еден од доајените на Битолскиот театар и најангажиран актер во македонските филмови, тој ќе ја  добие наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието.

За театарскиот живот на легендарниот битолски актер Петар Мирчевски Апла.мк објави интервју на почетокот на оваа година од еден  поинаков агол.

https://apla.mk/index.php/krfica/item/2357-odigrav-170-ulogi-na-scena-duri-doznav-i-deka-mi-se-rodil-sin-intervju-so-pepi-mirchevski-koe-kje-ve-nasmee

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани