АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Буквално како дома, вака може да се опишат условите и атмосферата што владеат во групниот дом кој беше отворен денес, а каде се сместени неколку дечиња од Мајчиниот дом за деца без родители во Битола. За разлика од минатото кога домовите за деца без родители беа институции со големи и скромни простории, овој пат со својата убава градба и комфорност изненадува објектот каде тие ќе живеат. Станува збор за пространа, двокатна куќа, со многу прозорци и светлина, широк двор со лулашки, пластични детски куќички, колички, тераси со зеленило. Во објектот има модерно опремена дневна соба, кујна со трпезарија, занимална, спална. Просториите се опремени со телевизори и речиси во секој агол играчки.
Малите дечиња ги затекнавме во дворот како го користат убавиот сончев ден играјќи со дестките возила и други играчки, а некои беа прилепеки за негователките како да им се мајки.
„Ова е историски ден за нашата држава зашто можеме да кажеме дека веќе немаме деца од нула до три години во институции. Тоа е голем исчекор за почитувањето на детските и човековите права во нашата држава. Мајчиниот дом во Битола кој згрижуваше дечиња од нула до три години денес се трансформира и сите дечиња се преселени во пет мали групни домови во Битола во кои сите вработени беа прераспоредени и ниту еден опд вработените не остана без работа“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Во малите групни домови обезбедени се услови на топлина, семејна грижа во која децата може да се развиваат и да го постигнат својот максимален потенијал. Хигиената е на завидно ниво, а ппретставници од Министерството и други гости, како и новинарските екипи за да влезат во објектот мораа да стават заштитни кеси на чевлите за да не валкаат.
„27 деца се смесетени во мали групни домови. Кога стапив на функцијата министер имавме околу 60 деца, од кои голем дел отидоа во згрижувачки семејства , друг дел беа посвоени, а не знаеме зошто чекале години за поствојување и третата група која може да биде посвоена, сѐ уште е во процес, е сместена во мали групани домови во Битола“, додаде Царовска.
Директоката на домот Елена Николовска рече дека со ова ѝ се исполнил сонот што го сонувала 36 години работејќи во Мајчиниот дом, децата да растата во средина налик на семејнната.
„Нив 24 часовна грижа даваат 30 негователи и 4 стручни работници. Овој облик на грижа не значи само поквалитетни просторни услови за живот, туку работата во групниот дом ќе им овозможи на кадарот индивидуален пристап кон секое дете согласно неговите желби и потреби“, рече директоката.
За транформацијата помогнаа и Амбасадата на Велика Британија и УНИЦЕФ. Бртинската амбасадорка во земјава Рејчел Галуеј имаше можност да си поигра со дечињата и рече “сместени се во прекрасен простор исполнет со љубов и со топлина за разика од претходното сметсување во гоеми и студени институции“. Претставникот од УНИДЕФ Бенџамин Перкс беше изненаден од брзината со која се направи трансформацијата која траеше година и половина.
„Доколу децата немаат возрасен покрај нив да се грижи за нив и да им овозможи поврзување и љубов тогаш тоа го доживуваат како закана и опасност. И тоа предизвикува стрес кој во мометот можеби не можеме да го видиме , но влијае врз натамошниот равој на животот и учењето на детето. Ваквите мали домови им овозможуваат децата да развијат однос како со родител. Се овозможува детето да расте во семејно базирана средина каде може да гради спомени, да доживее радост и задоволство, и од се најважно да доживива љубов“, рече Перкс.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека дел од испразнетите простории во Мајчин дом во иднина ќе се преадаптираат во гранка за деца, која и тоа како ѝ е потребна на Битола.
„Сончев ден не затоа што го имаме сонцето во Битола, туку причина повеќе да кажеме дека е сончев ден е тоа што денес ни се случува навистина убава работа. Ги згрижуваме најранливите , дечињата во многу подобри услови, во домашен амбиент каде ќе имаат дефинитивно многу повеќе љубов“, рече Петровска.