АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на Проектот за локлана и регионална конкурентност (ЛРЦП), претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, информираат од Општина Битола.
По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.
Овој архитектонски бисер на битолски Широк Сокак, со години беше оставен да пропаѓа, а внтарешноста и надворешноста целосно се руинирани. За негрижата на ова културно наследство поранешниот градоначалник Владимир Талески беше обвинет, но Основниот суд во во Битола, му изрече ослободителна пресуда, која се уште не правосилна.
Претходната власт се обиде да го продаде овој објект, на што жестоко се спротиставија битолчани, па се откажа од оваа намера.
Со реконструкцијата Офицерскиот дом треба да го врати стариот сјај на кој се сеќаваат повозрасните битолчани, а сите со нетрпение очекуваат да се реализира овој проект