АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Летото како да заборави да си замине, па битолчани уживаат и во топлото време и во есенските златески пејсажи. Токму тоа го доловува преку своите маестрални фотографии Ивона Кочов сликајќи ги прекрасните бои на есента во Битола. Инаку, топлото и сончево време продолжува за време на викендот и во следната недела се до четврток со дневни температури од 21 до 24 степени Целзиусови, а утринските од 9 до 13 степени над нулата. Температурите се над средниот просек за овој период од годината, а времето наликува како да е мај или јуни, а не втора половина од октомври.