АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Застој во натамошната изведба на улицата „Крушевска Република“ најавува градоначалничката Наташа Петровска заради како што вели несоодвено изработена проектна документација од бившата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На улицата „Крушевска Република“ се менува водоводната мрежа, канализациската мрежа и ќе се поставува асфалт. Улицата е во должина од 145 метри, а вкупната инвестиција 6 916 940 денари.
-Се решивме да го санираме овој дел кој што беше на некој начин очаен, затоа што е фреквентен и им треба на битолчани, поради Паркот и Тумбе Кафе. Но зошто застануваме? За жал претходната локална самоуправа не изработила проектна документација за поместување на 35 киловолтен столб, кој што мора да го поместите за да продолжите со инфраструктурните зафати. Исто така затекнавме и не соодветно проектантско решение по која динамика и процедура на дело би се одвивале работите на дел од каналот кој што мора да биде поместен за да го поставите коловозот. Сите средства за да се заврши овој потег се обезбедени зошто Општината е финансиски стабилна , но тоа ќе биде откако целосно ќе се затвори проектната документација, изјави денеска градоначалничката Наташа Петровска при увидот на работите на терен.
Оваа улица е една од булеварските решенија која треба да се спои со АРМ и да се добие улица која ќе го растовари сообраќајот на другите улиците во градот.
-ЈКП Водовод ги изведе сите работи на оваа улица и тоа навремено, но потоа имавме застој со изведувачот на коловозот заради технички проблеми. Исто така тлото се покажа како калливо , пропаѓа. При изведбата се оштети цевка од водоводот , имаше истекување на вода и се одложија работите за неколку дена, рече Козаров.
Инвестицијата на ЈКП Водовод во овој дел е околу 780 илјади денари.
А.Б