АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Илјадници хектари ниви се опожарени во изминатите два дена низ Пелагонија од стрништата што намерно ги палат земјодлеците за да го исчистат отпадот. Ваквата состојба доплнителного заагадува амбиенталниот воздух. Како што објави апла.мк синоќа беснееја стотици пожари низ Пелагониското поле, а пожарникарите интервенирале на деестина покритични локации со десет екипи. Велат дека не паметат вакво масовно палење и самоволие на земјодлеците.
- Изминатите два дена имавме досега ниведена ситуација во Пелагонија. Во вечерните часови веднаш штом се затемнува гори во атарите на селата Вашарејца, Лознани, Горно Српци, Кукуречани, а во мојата професионална кариера не сум го видел ова нешто. Секое вакво согорување ја подига концентрацијата на канцерогените ПМ честички, па загадувањео е огромно. Очигледно, мотивот на земјодлеците беше најверојтано највата дека доѓаат дождови па палат масовно, но ова е невидено нешто. Применуваат нова тактика, досега ги палеа дење, сега палат ноќе. И да сака ТППЕ на такви терени не можеме да делуваме, рече Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
Во пожарот завчеравечер гореа магацини на ЗК Пелагонија кај село Долно Српци, а поради густиот чад отежнат беше и сообраќјот на патниот правец Битола-Прилеп. Пламените јазици ја зафатија и железничката пруга, па три часа имаше застој на возот кој сообраќаше од Скопје кон Битола.
-Кај Новоселани беше запалена железничката пруга, а сообааќајот беше прекинат додека не ги изгаснат дрвените прагови на пругата. Не знаевме до која мера се опожарени па имаше дополнителна опасност, рече Поповски.
Законот за шумарство и земјоделство предвидува дека секој пожар на отворено е кривично дело, а казната е најмалку три години затвор, додава Поповски.
Од општина Битола велат дека побарале засилени инспекциски контроли, а засега казни има само за обиди на потпалување отпад кај обиколницта над Битола.
-Сепак мора да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните. Но свеста се подигнува и со онаа мерка што значи инспециски увиди. Она што го имам побарано соодевтните инспекциски служби да делуваат, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Од битолската полиција велат дека во последните денови најчесто имаат пријави за запелни стрништа, а СВР Битола презема мерки за прибирање информации и сознанија за откривање на можните сторители.
Е.М