АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со изведба на свечен марш Камерниот оркестар на средното музичко училиште од Битола настапува во моментов пред салата на Народниот театар како увертира пред Свечената академија. Вечерва Општина Битола ќе ги додели наградите 4 ти Ноември. За животно дело наградата ќе оди во рацете на Благоја Стефановски -Баге актер по професија , поранешен директор на Битолскиот народен театар и поранешен министер за култура. Вечерва општината ќе додели и седум едногодишни награди односно признанија и тоа на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Градинката „Мајски цвет“, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска и печатницата Киро Дандаро.
Оркестарот беше погласен од групата биотолчани кои пред Центарот за култура со запалени свеќи бараа чист воздух.
редакција Апла.мк