2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Скрининг на дојка во Битолската болница за 50 вработени од ЈП „Водовод“

Ноември 06, 2019

И Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка. Денес директорот на ЈЗУ Клиничка болница од Битола Др. Зоран Лазаров и директорот на „Водовод“, Горан Козаров потпишаа договор за взаемна соработка која започнува со реализација уште од овпј понеделник, 11 ноември. Имено околу 50 жени вработени во Водовод ќе направат скрининг на ЕХО и мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.

 Постои голем интерес и кај други претпријатија да се вклучат во кампањата за превентивни прегледи кај жените од рак на дојка. Во следниот период се очекува Клиничката болница да ја прошири соработката и со други претпријатија за што повеќе жени да можат да направат скрининг на дојка. 

 За ваква превентива и дијагностика се создадоа најсовремени услови во Центарот за дојка, кој во понеделникот, по повод Денот на ослободувањето на Битола, во Клиничката болница во употреба го пушти министерот за здравство Венко Филипче. Центарот за дојка е опремен со најсовремена дијагностичка опрема. Набавен е најсовремен мамограф за скининг на карцином на дојка во вредност од 120 000 евра обезбедени од ИПА проект за прекугранична соработка со Грција.

„Едно целосно зацврстување  на здравствениот систем на примарно ниво, во смисла на превенција, понатаму дијагностика, ете во Битола одличен пример во Клиничката болница како се формира Центар за дојка. На едно место има најсовремен мамограф, магнетна резнонаса и ехо дијагностика. По соодветно упатување на пацинетите од матичен лекар, тука во болницата се прави целосен преглед и дијагностика“, рече во понеделникот министерот за здравство Венко Филипче.

Ж.З.       

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани