АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Годинешниот добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, Благој Стефaновски-Баге, денеска засади дрвце во алејата на добитниците во Градскиот парк во Битола.
-Ја продолжуваме традицијата, а тоа е многу значајно, продолжуваат да растат нови гранки. Секое ново израстување е како еден нов живот. Јас се радувам што токму мене ми припадна честа, изјави Стефановски
За првпат во оваа алеја дрвце посади ланскиот лауреат на наградата за животно дело „4 Ноември“, Виолета Томовска, а градоначалничката Наташа Петровска, денеска упати апел традицијата да продолжи и во иднина, но и сите заедно да го сочуваме овој постор.
-Благој Стефановски остави видлив белег во нашиот град и токму затоа ценам дека годинешното празнување помина во еден амбент како што доликува, а додадена вредност имавме токму со овој добитник. Се наоѓаме пред Алејата на добитниците на наградата 4 Ноември, а традицијта ја започнавме минатата година. Ова е нешто убаво и вреувам дека што и да се случува во иднина, кој и да го регулира овој простор ќе има почит и респкет кон истиот. Ги повикувам сите битолчани да погледнат како денес изгледа овој просор и сите заедно да се потрудиме да го сочуваме онака како што доликува, бидејќи сме сведоци на вандализам по сите основи, не само во нашиот град туку и во државата. Ова не е место на само еден, двајца, неколкумина, ова е нештот што ни припаѓа на сите, рече Петровска.
Просторот денес е обележан со соодветна табла на која пишува Алеја на добитниците на наградата за живтно дело „4 Ноември“ на Општина Битола
Е.М.