АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Маестро Владимир Димовски е новиот селектор на програмата на Фестивалот „Музика од светот“во Битола, потврдува за медиумите директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска Илијевски.
Димовски е диригент на Камерниот оркестар на Битола кој во изминативе години ја воодушевува публиката во целиот регион со одличните концерти. Тој доаѓа на местото на Оливер Јосифовски , основач, басист и композитор на групата „Љубојна“ кој во изминатите четири години ја извршуваше функцијата на селектор.
Јосифовски селектирајќи ја програмата на Фестивалот остана запаметен во јавноста и по тоа што во 2017 ја избра токму неговата група „Љубојна“ да настапува на „Музика од светот“ со образложение дека „во изборот на „Љубојна“,има пристрасност, но дека тое е бендот којшто „продава многу карти“.
Новиот селектор за годинава ги избара настапите на Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Џамбо Агушеви Оркестар со долгогодишниот пријател и соработник Благојче Трајковски. Фестивалот ќе се одвива од 15 до 17 ноември, а најавена е и ОФФ програмата на Фестивалот на музика.
А.Б