АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вонредни инспекциски надзори во капацитетите кој се можни загадувачи на амбиенталниот воздух ќе вршат овластените општински инспектори за животна средина, комуналните инспектори, како и градежните инспектори. Воведени се двосменски дежурства и дежурства во деновите од викендот при што е потребно постојана придружба односно тимски работа заедно со полицијата, информираат од Општина Битола.
Овие мерки се преземаат откако Владата на Република Македонија издаде насоки на делување до одредени надлежни институции и направи распределба на надлежностите на инспекциските служби за животна средина на централно и локално ниво, поради зголеменото аерозагадување загадување и квалитетот на амбиенталниот воздух.
Општина Битола ги потсетува граѓаните дека е забрането палење на стрништа и оган на отворен простор. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.
-Општинскиот инспекторат во Битола постојано делува на терен и веќе се преземени конкретни активности за лица кои се затекнати на лице место како палат стрништа, а во дел од случаите на терен делувала и територијалната противпожарна единица. Општина Битола, со цел да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, а истовремено секој да даде свој придонес кон оваа појава, апелира до граѓаните на Општина Битола, да не користат во своите домови за огрев гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување, паркети, стари дограми итн. Користењето на несоодветни средства за огрев е штетно не само за околината, туку и за воздухот и загадувањето во нивните домови, кое директно влијае врз сите членови на семејството, се наведува во соопштението од Општината.
Доколку граѓаните забележат било каква опасност од пожар, или било какво прекумерно загадување на животната средина, да се јават кај раководителот на Општинскиот инспекторат во Битола, Кирил Мицевски на 075/312-460.апелираат од локалната самоуправа на Битола