2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Реконструкција на училиштето во Кравари- селото 50 години има канализација, а школото септичка јама

Ноември 14, 2019

Започнаа реконструктивни зафати во подрачното училиште во село Кравари. Со општински пари се средува вантрешноста на школото, ќе се прави дренажа, зафат на атмосферските води и ќе се поврзи на канализациона мрежа, која селото ја има 50 години, а школото е со септичка јама. Ова е подрачно училиште на „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и во него учат педесетина ученици до петто одделение.

Градоначалничката Наташа Петровска вели дека до години немало рекоснтруктивни зафати во школото, а сега ќе се вложат 610 000 денари за средување на внатрешниот простор и дополнително уште милион денари за да се направи приклучување кон канализациската мрежа, дренажа на објектот и прифајќање на атмосферските води кои течат по ѕидовите..rekon

„Запрепастувачки е да видете населба во која имате канализационен систем, а образовната институција ја оставиле со септичка јама. Ние прво планиравме да реконструираме внатре зашто и таму состојбата беше очајна. Замислете детето да дојде на час, а да потои опасност столчето да му пропадне во подот и да биде повредено. Но, кога на лице место видовме што се се случува од надворешната страна, ни стана јасно дека треба да се интервенира на повеќе места“, рече градоначалничката Наташа Петровска.rekon 2

Под две од училниците кои сега се реконструираат имало околу два метри високи визби,а подот бил толку оштетен што опсастност да пропаднат сточињата.porano

(Вака изгледаше просторот под училишниот под пред реновирањето ) 

sweg

(Вака изгледа сега ставената цврста подлога во училниците ) 

„Извршивме увид на објектот и се увиде дека покрај тоа што не функционираше фекалната канлизација, немаше никаква дренажа на самото училиште, а и атмосферските води од покривот слободно течеа по ѕидовите на објетот и има големо оштетување. Ќе се изведе дренажа, прифајќање на атмосферските води од покривот и ќе поврзи во канализацијата мрежа кој е изградена во осумдесетите години од минатиот век од страна на жителите на Кравари, сѐ ќе заврши до почетокот на декември“, рече Методија Силјановски, директор на Јавното претпријатие „Нискоградба“.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани