2win800x200

ИЗГЛАСАН БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, СЕ БАРААТ И СКРАТЕНИ ЧАСОВИ

Декември 20, 2019

На вонредна седница на Советот на Општина Битола денес беше одлучено возењето со јавниот градски превоз во Битола да биде бесплатено , како мерка за се намали загадувањето на воздухот. Ова беше предлог на градоначалничката Наташа Петровска кој беше прифатен од страна на превозниците, на кои трошокот ќе им го субвенционира Општината.

„Граѓаните ќе се информираат преку веб страната на Општина Битола секое утро после шест часот ќе има известување дали во тој ден можат да користат беплатен градски превоз во зависност од тоа дали концентрациите на ПМ 10 честички се поголеми од 100 микрограми на метар кубен“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Одлуката за бесплатен линиски градски превоз ќе важи до 31 јануари идната година.

Покрај ова, се побара од Министерството за образование дозвола за скратување на часовите во основните и средните училишта поради загадениот воздух. Ќе се испрати и повик да се интензивираат полициските контроли за движење на тешки товарни возила во центраот на градот.

Бесплатниот превоз прифатен, но дадени и други предлози и критики 

Одлуката за субвенционирање на јавниот превоз беше едногласно прифатена од сите советници, иако од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ваква мерка била преземена и во Скопје, но не дала ефекти.

„Ние предлагаме субвенционирање на јавниот превоз во шпицовите на сообраќај, секојдневно и во зима и во лето се до донесување на нова сообраќајна студија и сет на мерки кои ќе доведат до намалување на бројот на патнички моторни возила кои транзитираат низ централното градаско јадро. Опремување на сите кабинети во средните и основните училишта во кои се одвива настава во Општина Битола со прочистувачи на воздух, околу 300 кабинети. Набавка на маски за сите ученици. Бесплатен превоз до зимските центри Ниже Поле и Копанки за време на викенди, а во текот на распустот тоа да биде секојдневно“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 Од Поинаку мерката ја нарекоа глупост и изјавија дека и следниот пат кога Битола последователно ќе биде загадена ќе се случел народ зашто не се преземале сериозни мерки. Според советникот Иван Чулакоски никој од граѓаните што се возат со автомобили нема поради загадениот воздух да се вози со автобус. Му рече на власта да не се жали кога општината ја годат со јајца и да не ги нарекуваат хулигани оти тие заборавиле кога заедно протестирале кој им ги полнел балоните со боја. На ова возврати советникот Зоран Стојчевски кој рече дека тогаш се рушел режим, урнисани биле институциите и затоа и чекорите биле порадикални и сите оние кои фрлале, а биде забележани од полицијата биле повикани на разговор и за тоа не се жалеле. Секој да си одговара за стореното дело, без разлика кој е рече Стојчевски.

Претседателот на Советот Груевски одговори дека за две години 400 клими инвертери спонзорирале, 200 велосипеди и 120 печки на пелети. Дополнително 2500 клима инвертери ќе им бидат поделени на домаќонства во градот, односно ќе добијат 60 000 денари за купување на најсовремени клима инвертери. Само ова инвестиција изнесува 2,5 милиони евра обезбедена преку ЕСМ. 

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани