АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Пазари“ доби зелено светло до Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија да ја реновира надворешно управната зграда –фасадата и дограмата.
Директорот на ЈП „Пазари“, Владе Атанасовски вели дека поднеле проект до Управата за заштита на културното наследство за реновирање на фасадата и дограмата на зградата бидејќи објектот е во незавидна состојба, времето, влагата и негрижата си го направиле своето. По ова „Пазари“ за краток период ќе распише тендер за избор на изведувач на работите.
-Објектот каде е сместена управната зграда е од пред седумдесетина година. И како што бил тогаш изграден така ништо не е интервенирано досега. Ние сакавме да ги смениме работи, па поднесовме проект до Управата за заштита на културното наследство бидејќи зградата е зона на заштитено подрачје. Управата ни одобри , решението го примивме и тоа значи дека во 2020 година зградата ќе се реновира надворешно . Ќе ја смениме комплетно фасадата и ќе ставиме нова дрвена квалитетна дограма за да ја зачуваме автентичноста на објектот. На реконструкцијата чекаат 620 квадратни метри површина без прозорците и вратите , изјави за Апла.мк директорот Атанасовски.
Целосната финансиска конструкција за овој зафат ја покрива јавното претпријатие „Пазари“ од сопствени средства.