АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
17 годишниот битолчанец Петар Атанасовски го фати крстот што Митрополитот Петар го фрли во базенот во црквата Св. Димитрија во Битола. Атанасовски крстот успеа да го фати и во 2018 година кога имаше само 15 години. Со богојавленската церемонија чиноначалствуваше Митрополитот Петар, а голем број верници го следеа процесот на осветување на водите. .
Владиката Петар рече дека момчето што го фати крстот во Битола, утрото беше присутно и на црковната служба, па ги повика и другите верници и оние кои скокаат по крстот да го прават истото, односно пред церемонијата на фрлање, да присуствуваат на богослужбата.
„Имам 17 години и учам во Средното техничко училиште 'Ѓорги Наумов', трет пат скокам по крстот, а втор пат го фаќам. Многу сум среќен, чувството е неописливо, посакувам на сите здравје, среќа, љубов, мир.Очекувам оваа година да му биде посреќна и да ми се исполни една од моите желби. Инаку, одам често на богослужби, тоа ме исполнува и се надевам дека се повеќе и повеќе ќе доаѓаат на богослужби“, рече Атанасовски.
На крај упати поздрав до баирчани и навивачката група Чкембари.