Целосно изгоре внатрешноста на трафостаница на битолскиот Баир, сопственост на ЕВН Македонија, по што речиси 30 часа делови од улиците "Караорман" и "Дебарска" во оваа населба се без струја
Настанот се случил вчера во 13.45, кога во битолката полиција било пријавено дека на улицата Караорман настанал пожар во трафостаница на ЕВН
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола.
Од контакт центарот на ЕВН информираат дека нивните екипи веќе се ангажирани за обезбедување на непречено снабдување со електрична енергија
Е.М.