АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старата зграда на Затворот кај „Црн Мост“ во Битола, замина во историја. Објектот каде над половина век, во крајно мизрени и деградирaчки услови , илјадници затвореници ја издржуваа затворската казна, добива нов лик.
Целосно се обновува и притворското одделение, за кое јавно се зборуваше не само за супстанадардните услови во ќелиите со простор за само еден кревет и отворен тоалет, туку и за влагата која го нарушуваше здравјето на притворениците. Темелната реконструкција е во завршна фаза, а се изведува со 1 милион евра пари од ИПА 2 програмата на ЕУ, додека сите дополнителни трошоци кои произлегуваат во градењето, ги покрива Владата. Со обновата се намалува капацитетот на затворот, но се подобруваат условите..
- Со оваа реконструкција на затворската зграда ќе се одбие подобрување на условите во делот каде ќе бидат смесени затворените и притворените лица. Внимаваме да се запазат и инкорпорираат стандардите од нашето законодавство и законодавството на ЕУ. Во притворското одделение од досегшните 20 прострии сега ќе има само 6, во кои ќе бидат сместени 26 притворенци, за разлика од претходно кога имаше и по 40 лица. Во ова крило , покрај пренатрупаноста имаше и многу влага, а тој проблем се реши. Сега можам да кажам дека тие поплаки за ширење на болест кои ги причинуваше влагата, ќе исчезнат, вели Драган Крајовски, директор на КПУ Затвор Битола
Преполовен е и капацитетот во затворската зграда каде се сместуваат осудените лица.
-Овде порано беа сместувани и по 140 осуденици, а сега ќе има место за 70 лица кои ќе имаат можност да издржуваат затворска казна на достоинствен начин. На располагање ќе ги имаат обновените шеталишта, целосно се реконструираат и заедничките простории, кујната со трпезарија по највисоки стандарди, ТВ сала, библиотека, простории за верски обреди, а затворениците добиваат и теретана со најсовремена опрема, вели Крајовски.
На највисоко ниво ќе биде и безбедноста во затворот, затоа што целиот систем е автомтаски и конторлиран со видео надзор, поради што Затворот има и сопствен агрегат.
-Големо олеснување ќе има во работата на затворската полиција и админситративните службеници со инсталирање на новата софистицирана технологија во функционирање на безбедносниот систем во затворската зграда. Целото раководење со отворање, затворање и видео надзор ќе биде дигитализрано, односно со автоматски врати. Катанците и клучевите заминуваат во историја и ќе се управува на копче и џојстици, објаснува Крајовски.
Со темелната реконструкција затворската зграда добива висока енергетска ефикасност, систем за централно греење и ладење. Се обновува административната зграда, заедничките простории, се градат нови шеталишта за притворениците и затвореницит, кои имаат далеку поголема безбедност од претходно. Затворот ќе има и сопствена пречистителна станица, со што при рекоснтрукцијата се водело грижа и за заштита на животната средина. Ова прва ваква реконструкција во изминатите 50 години, а од затворксата управа велат дека затворениците и притвореницте кои сега се во Охридскиот и Прилепскиот затвор, за многу скоро ќе бидат вратени во Битола.
Е.Мисирлиевска