2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новинарката Жанета Скерлев со донација за училиштето во Трново

Март 04, 2020

Долгогодишната новинарка и уредник во Македонската редакција на Би-Би-Си, Жанета Скрелев, која има и битолско потекло, обезбеди вредна донација за подрачното училиште „Д-р Трифун Пановски“ во битолското село Трново. Место роденденски подароци, таа им порача на своите пријатели да донираат средства за училиштето. Донацијата ја собра во рекордно време од нашинци во странство. Со собраните средства купија дидактички материјали и други наставни средства кои деновиве стигнаа во училиштето на радост на единаесетте ученици и наставничката Ленче Илиевска. За креативноста на наставничката прва пишуваше Апла уште минатата година.

„Ги делев летните годишни одмори меѓу Битола и Загреб, двете мои баби. Еден месец во Загреб, два во Битола, со, нормално, одење на Пелистер, поточно во село Магарево, каде што моите дедо и баба, Филип и Вероника Николоски имаа викендичка, убава мала куќа од камен.... Битола и Магарево пак беше друга приказна. Лето, топло, Пелистер, надвор од утро до мрак, дома само да земеш леб во едната рака и сирење и домат во другата, и вечер миење нозе во светлосивиот алуминиумски леген на баба ми Вероника во водата стоплена од сонцето. И авантури со скокање од гума на гума покрај патот, со бирање како почесна невеста за “ тајане бојане ( имам брат свети јоване)” , играње ашици, челик чомак и билии , паѓање во коприви и што уште не“, раскажува Скерлев..

При посетата на потпелистерското Магарево, Скерлев се запознала со наставничката и била воодушевена од приредбите што ги организирала.

„Пријателите од Магарево учеле, а нивните деца учат во училиштето во Трново. Неколку години одевме на приредбите и гледавме во кои услови учеа децата. Училницата со влажни ѕидови во распаѓање, истрошени , испукани, греење на дрва, за тоалетот да не зборувам, собата за наставничката – по казна да пратите некој да седи таму. А приредбите кои ги организираше Ленче им беа фантастични! Имагинативни, ме потсетуваа на стилот на лондонските училишта. А децата во приредбите –среќни“, вели Скерлев.

Таа лани донираше компјутер и глобус за училиштето во Трново, годинава средства за дидактички материјали, а на лето и техничка стока. Во ова подрачно училиште донирале и други лица. Родители на ученици од одделението ја молерисаа училницата на која се ронеше малтерот, а наредија и плочки во училиштето. Потоа, со донација на битолчанецот Пеце Талевски од продукција „ОХО“ во канцелријата и двете училници се стави ламинат, холот се прекри со плочки, се уреди тоалетот и се постави нова дограма. Воедно, средствата од билети од детскиот мјузикл „Песноден“ се собрани на посебна жиро-сметка и Талевски ќе ги намени за средување на фасадата и училишниот двор.Друга битолска фирма за учениците обезбеди училишни ташни и прибор за цела година, нашинец во Австралија купи школски мебел, писателката Гордана Такец детска литература.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани