2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Објавен стар запис на битолски говор за ослободувањето на Битола

Март 05, 2020

Стар запис на оригинален битолски говор за радоста со која биле пречекани партизаните при ослободувањето на Битола во 1944 година е зачуван и објавен во книгата „Битолскиот говор“ на поетот, есеист и научник Воислав Илиќ (1921-1987). Текстот е само дел од бројните примери со битолски говор, научно образложени во овој научен труд. Книгата од печат излезе годинава, седум децении откако тој собраните материјали ги преточил во докторска дисертација, но не му било дозволено да ја одбрани.

„Битолскиот говор“ е напишана врз основа на оригиналните сочувани примероци од Илиќ, издадена е од „Бета прес“, за печат ја подготви дијалектологот Васил Дрвошанов, кој е и јазичен редактор, а рецензент е Стојан Ристески..

Во освртот кон делото, професорот Ристески пишува дека Илиќ требало докторската теза да ја одбрани на Филолошкиот факултет во Белград, но Александар Белиќ, член на Комисијата за оценка на трудот, не напишал реферат. Според познавачите на неговите ставови, не му се допаднало тоа што битолскиот говор е прикажан како дел од македонскиот јазик кој со векови со свои специфики опстојувал одделно од бугарскиот и српскиот јазик.книга

„Македонскиот јазик со векови живеел одделно, ги формирал своите специфични црти, се диференцирал во однос на соседните јазици. Тој претставувал готова историска категорија, иако негиран од шовинистичката наука и прогласуван како дијалект на бугарскиот или српскиот јазик“, напишал Илиќ.

Тој бил референт на Комисијата за македонски јазик при Президиумот на АСНОМ, работел на усовршување на привремената македонска азбука, а пишувал и македонска граматика. Иако родум од Дебар, најголем дел од животот го поминал во Битола. Материјалите ги собирал на терен, во контакт со постарата и помладата генерација. Текстот на дисертацијата бил на српско-хрватски јазик, а примероците во оригинал на македонски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани