АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сите 5800 вработени во битолската фабрика за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ во наредните 2 до 4 недели заминуваат на колективен одмор, потврдија за Апла. Мк од фабриката, која е најголема странска инвестиција во Битола. Како причини ги наведуваат откажани нарачки од клиентите што се должи на актуелната ситуација со коронавирусот.
Во претходните три месеци од фабриката биле отпуштени 280 работници, поради намален обем на работа, односно драстично намалување на продажбата на автомобили. Од „Кромебрг и Шуберт“ тврдат дека нема да има други отпуштања засега.
Оваа германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше 6000 вработени, со што фабриката е најголемиот работодавач во Југо-западниот регион.
Е.М.