АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шест дена регионалната ТВ Мега од Битола не зрачи програма, а последната вест на нејзината веб страница е од 11 декември. Засега нема официјално известување зошто телевизјата престана да зрачи програма, но новинарските екипи од вторникот не излгуваат на прес конференции и настани, а неофицијално, вработените не одат ниту на работа. Не се знае зошто медиумуот по точно 3 години отако почна да емитува програма во регионот, сега го нема во етерот..
ТВ Мега започна со работа на 13 декември 2014 година, кога амбициозно, со ветувања за поголеми плати од оние што дотогаш беа исплаќани на медиумските работници, вработи луѓе, а дел од нив беа преземени од локалните медиуми.
Во информативната програма беа емитувани вести со скапи линковски вклучувања, а ревносно и во чекор се следеше работата на поранешната власт.
Ветувањата почнаа да се топат пред неколку месеци, кога колегите се жалеа дека им доцнат платите, па некои почнаа да заминуваат од телевизијата. Тимот се оспиа, а медиумот во последно време функционираше со само неколку новинари.
Според истражувањето на истражувачката мрежа БИРН, тројца газди во 2014 година во исти ден формираа три фирми кои купија 6 регионални телевизии. Сите сопственици според истражувањата, беа во блиски релации со тогашната власт, а подоцна во овие телевизии се слеваа општински и државни пари за ТВ услуги, информирање и рекламирање, иако некои од нив беа на дното според гледаноста.
Според официјалните податоци на Агенцијата за аудио и аудиозвизулени медиумски услуги, во Македонија има 26 регионалн телевзиии, а вкупните приходи на 26 телевизиски станици во 2016 година изнесувале 199 милини денари, или над 3 милиони евра. ХДТ Мега во 2016 остварила приход од 16 милиони денари, односно 260 илјади евра. Оваа телевизија била најатрактивна за рекламирање од сите 26 останати и оставрила 14 милиони денари по тој основ. Во 2015 година ТВ Мега инкасирала 360 илјади евра, а во 2014 година остварила приходи од 440 илјади евра, иако започна со работа во декмеври истата година.
Но рекламирањето не одело правопропорционално со гледаноста, затоа што Телевизја Мега во 2016 имала 5, 49 проценти просечен неделен досег, што е далеку помала гледаност од останатите телевзии.
Очигледно дека состојбата се променува со промената на власата, па без скапите владини реклами и поддршка од општините, доведен е во прашање опстанокот на овие телевизии.