АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Козаров е новиот директор на ЈП „Водовод“ во Битола, а Панде Богоевски на ЈП „Комуналец“.
Градоначалничката Наташа Петровска, денеска ги назначи на овие раководни функции и им ги врачи решенијата.
Козаров е долгогодишен член на СДСМ и бил на повќе раководни функции во највисоките тела на партијата, а беше член и во минатиот состав на Советот на Општина Битола од СДСМ.
Богоевски, пак, долги години е вработен во ЈП „Комналец“ во Битола, а истот така бил член на повеќе партиски тела.
Козаров ја објави веста на својот ФБ профил и напиша:
„Ветивме пред градоначалничката, а исто така и пред граѓаните на Битола дека ќе ја направиме Битола подобро место за живеење“
Досега, прв човек на ЈП „Комуналец“ во Битола беше Зоран Соклевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а во ЈП „Водовод“, Горан Стефановски, кој дојде на челната позиција во ова јавно претпријатие на местото на Зоран Илиоски, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата во петокот си поднеле оставка на функциите.