2win800x200

Битолските советници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата во знак на поддршка на притворените од 27 април

Декември 19, 2017

Три знамиња раширија  пред советничката говорница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што ја напуштија денешната седница на битолскиот Совет, во знак на поддршка за притворените од настаните во Собранието на 27 април. Координаторот  Борче Димитровски, ваквиот потег го образложи од говорницата.

-Во изминатите шест месеци сведоци сме на безаконие на невладеење на правната држава, реваншизам. Сето тоа кулминира  во изминатиот месец кога се притворени уставобранителите коишто имаат една мана, а тоа е си ја сакат  својата татковина , Македонија и ништо друго не погрешиле, а оваа власт сака да ги прогласи за терористи. Во знак на поддршка на нашиот сограѓанин Игор Дурловски, Борис Дамовски, Владо Јовановски и сите останати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  за се ова што се случува ја напуштаме денешната седница на Совет, рече Борче Димитровски.

Додека тој говореше, претседателот на Совет, Валентин Груевски, му предочи дека ја злоупотребува говорница за  политички цели, за што веќе еднаш бил предупреден , дека  советничката говорницата ќе се користи само за работата на Советот,  а  не и за пропаганда.

-Нема да ги толерираме во иднина ваквите работи и  ние сме избрани за потребите на граѓаните на општина Битола. Значи по втор пат ја злоупотребивте говорницата меѓутоа тоа е ваша одлука, иако можев да ви ги исклучам микрофоните, рече Груевски и најави дека тоа со сигурност ќе го стори следниот пат кога Димитровски ќе се обиде да врши пропаганда од говорницата.

 Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето на единствената точка на дневен ред  на која се гласаше за одлуката за определување на надомест за политичките партии за секој добиен глас на последните локални избори

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани