Најмногу пари од буџетот за 2018 за гасификација, инфраструктура, стадионот и Офицерски

Декември 19, 2017

Следната година од буџетот на Општина Битола, најмногу пари се предвидени за  проектот за гасификација, за реконструкција на Офицерскиот дом,за реконструкција на  фудбалскиот стадион под Тумбе Кафе. Истот така предвидени се средства за инфраструктура во населбата во битолската Касарна, како и целосна реконструкција на неколку улици.

Според предлог буџетот за 2018 година  објавен на веб страницата на општина Битола, односно во развојниот дел, се наведува дека за гасификација на општина Битола, со која ќе се намали загадувањето на воздухот, предвидени се 15 милиони денари или 250 илјади евра. За ревитализација на Офицерскиот дом, предвидени се 10 милиони денари , односно 160 илјади евра, а за фудбалскиот стадион следната година од општинскиот буџет ќе се издвојат, 80 милини денари или 1,3 милини евра.

budzet1

stadion

Околу 6 милиони денари од општиснкиот буџет ќе се потрошат за осветлување, изградба на улици и  канализациона мрежа во населбата во Касарната.

Во 2018 година општината целосно ќе ја реконструира улицата  „Илинденска“ во Битола, која е главна сообраќајна артерија во населбата Баир. За патна инфраструктура предвидени се 9 милиони денари, за реконструкција на водоводната мрежа 3 милиони денари, а за реконструкција на канализационата мрежа 7 милиони денари, или над  300 илјади евра, за улицата „Илинденска“, која повеќе годин е запоставена.

Со 14 милиони денари ќе се рекоснтруира улицата „Солунска“ во Битола, а за реконстуркција на улицата „Димитар Робев“ ќе се потрошат 15 милиони денари. За изградба на улици во село Долно Оризари, предвидени се 7 милиони денари.

budzet 2

Истот така,  предвидени се вложувања за изградба и реконстукција на пречеистителни станици и колектори, капацитети за водоснабдување и енергетика.

Буџетот наскоро треба да се најде пред советниците во Советот на општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани