АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Битола.
До јануари 2020 година гасот треба да стаса до Битола, вели Благојче Котески директор на МЕР.Тој вели дека иако е „неблагодарно да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси“.
Следната година од буџетот на Општина Битола, најмногу пари се предвидени за проектот за гасификација, за реконструкција на Офицерскиот дом,за реконструкција на фудбалскиот стадион под Тумбе Кафе. Истот така предвидени се средства за инфраструктура во населбата во битолската Касарна, како и целосна реконструкција на неколку улици.