АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Битола.
-Наша главна цел е Република Македонија во наредните две години да добие гасоводен систем до сите 18 општини, согласно двата крака, едниот до Битола, а другиот до Гостивар, а потоа во согласност со она што го планира општина Битола, дали преку јавно приватно партнерство или јавно претпријатие во рамките на општината, ќе се спроведе и реализира проектот за гасификација на Битола, изјави министерот Сугаревски во Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска, вели дека општината веќе се подготвува за процесот на гасификација.
-Во тек е јавната набавка за изработка на основниот проект, така што таа фаза од гасификацијата е во изведба. Денес имаме расправа со Стопанската комора односно со индустриските субјекти на која што ќе дискутираме каква е нивната визија односно нивните потреби за истата, затоа што сметаме дека истите треба да се иконпорираат во целиот зафат. Значи длабоко сме навлезени во проектот гасификација и така планираме да се спроведуваат активностите за гасификација на Битола, изјави Петровска.
Општина Битола распиша оглас за „Изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Битола, со максимум 25.000 м. должина, со ревизија и вршење на проектантски надзор при изведба“.
Се браат 12 Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.
Согласно огласот, проценетата вредност без ДДВ изнесува 7.945.800,00 денари, а договорот е во времетраење од седум месеци. Критериумот за доделување на договорот е најниска цена.